А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта.