Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИЗЛЕЗ 16:2-8

ИЗЛЕЗ 16:2-8 MKB

Целата израелска заедница почна да мрмори во пустината против Мојсеја и Арона. „Ох, да изумревме од Господовата рака во Египетската Земја, кога седевме покрај грнци со месо и јадевме леб до наситка! - им рекоа. Нѐ изведовте во оваа пустина за да го поморите со глад целово ова мноштво!“ Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Ќе направам да ви паѓа како дожд леб од небото. Народот нека отиде и собира секој ден, колку што му треба за ден. Така ќе ги искушам и ќе видам дали ќе се придржуваат до Мојот закон или не. А на шестиот ден, кога ќе го сместат собраното, ќе има двапати онолку, колку собираа за секој ден.“ Тогаш Мојсеј и Арон им проговорија на сите Израелци: „Вечерва ќе познаете дека Господ ве изведе од Египетската Земја, а наутро ќе ја видите, со свои очи, Господовата слава, зашто Господ ве чу како мрморевте против Него. Што сме ние да мрморите против нас? Вечерва Господ ќе ви даде месо да јадете - продолжи Мојсеј - а наутро леб до наситка, зашто Господ го чу вашето мрморење против Него. Што сме ние? Вие не мрморите против нас, туку против Господа.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ИЗЛЕЗ 16:2-8