Во третиот ден, откако прекрати да пости ги соблече молитвенитеоблеки и се облече во царската облека, и застана во внатрешниот трем на царевата куќа, спроти царскиот дом; а царот седеше на својот царски престол во царскиот дом, спроти влезот на куќата. И кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот; таа најде благодат пред него и царот го испружи златниот жезол што го држеше во раката, кон Естира; а Естира се доближи и се допре до крајот на жезолот. Царот рече: „Што тие тебе царице Естиро? Што сакаш? Ако е тоа и половина од царството, ќе ти биде!“ Естира одговори: „Царот ако му е мило, нека дојде со Амана на гозба што денес ја подготвив.“ Царот одговори: „Известете го веднаш Амана за да се исполни Естирината желба.“ Царот дојде со Амана на гозбата што ја подготви Естира. Додека пиеја вино, царот ѝ рече на Естира: „Што и да побараш ќе добиеш. Што и да посакаш, ако е тоа и половина од царството ќе ти биде!“ Естира одговори: „Мојата молба и желба е, ако најдов милост во царевите очи и ако му е угодно на царот да ми даде што молам и да направи што сакам, царот да дојде повторно со Амана на гозба што утре ќе ја подготвам за нив, и тогаш ќе постапам според царскиот збор.“
Прочитај ЕСТИРА 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЕСТИРА 5:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа