Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕФЕСЈАНИТЕ 6:10-18

ЕФЕСЈАНИТЕ 6:10-18 MKB

Најпосле, јакнете во Господа и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сѐ, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сѐ тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ЕФЕСЈАНИТЕ 6:10-18