А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса. А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ А Филип рече: „Ако веруваш од сѐ срце - можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.“ И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти. А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат.
Прочитај ДЕЛА 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: ДЕЛА 8:35-39
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа