И беа постојани во апостолското учење и општувањето; и во раскршувањето на лебот и во молитвите. А страв влезе во секоја душа, зашто апостолите правеа многу чудеса и знаци. А сите кои поверуваа беа заедно и сѐ им беше општо. И продаваа стоки и имоти и тоа го делеа на сите, секому според неговата потреба. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и примаа храна со радост и просто срце, фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.
Прочитај ДЕЛА 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: ДЕЛА 2:42-47
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа