Зашто, знаеме: ако се разурне нашиот земен дом, кој е како шатор, имаме од Бога зграда, вечен дом на небесата, што не го изградила човечка рака. Па затоа и воздивнуваме и копнееме да се облечеме со своето небесно живеалиште; само така облечени, нема да се најдеме голи. Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно. А Бог нѐ приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог. Така, бидејќи секогаш сме полни со верба и знаеме дека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа, зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, - полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа.
Прочитај 2 КОРИНТЈАНИТЕ 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 КОРИНТЈАНИТЕ 5:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа