Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 САМОИЛ 2:1-10

1 САМОИЛ 2:1-10 MKB

На тоа Ана се помоли вака: „Моето срце воскликнува во Господа расте мојата сила преку мојот Бог. Устата ми се шири на моите непријатели, зашто се радувам на Твојата помош. Никој не е свет како што е Господ (зашто нема никого освен Тебе) и нема стена како што е нашиот Бог. Не зборувајте многу горделиви зборови, нека не излегува дрскост од вашата уста, зашто Господ е Сѐзнаечки Бог, Тој ги пресудува право делата. Се крши лакот на јунаците, слабите се опашуваат со сила. Ситите сега се мачат за леб, гладните веќе не гладуваат. Неродилката раѓа седумпати, мајката на многуте деца изнемоштува. Господ дава смрт и живот, спушта во гроб и оттаму издига. Господ осиромашува и збогатува, го оборува човекот и го возвишува. Го подига бедниот од правот, сиромашниот го возвишува од буниште, за да ги седне со кнезовите и за да наследат славен престол. Зашто Господови се столбовите на земјата, и Тој ја ставил врз нив вселената. Ги чува чекорите на своите свети, злосторниците ги стигнува пропаст во мракот зашто човек не придобива победа со својата сила. Кои Му се противат на Господа, се сотираат. Сѐвишниот грми од небесата врз нив. Господ им суди на краиштата на земјата, му дава сила на својот цар, и Го воздигнува рогот на Својот помазаник.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност