Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 САМОИЛ 17:28-33

1 САМОИЛ 17:28-33 MKB

А кога Елиав, неговиот најстар брат, чу како разговараше со луѓето, пламна со гнев против Давида па му рече: „А што си дошол ти тука? Кому му ги остави оние малку овци во пустината, ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце: дојде за да ја видиш битката!“ А Давид одговори: „А што направив? Зар не смее да се рече ни збор?“ Тогаш се сврти од него кон друг и го праша со истите зборови како порано. Народот му одговори исто како првиот пат. Кога луѓето чуја што зборува Давид, му го јавија тоа на Саула, а тој го повика пред себе. Давид му рече на Саула: „Нека никому не му омалодуши заради оној човек! Твојот слуга ќе излезе и ќе се бори со тој Филистеец.“ Ама Саул му одговори на Давида: „Не можеш ти да излезеш против тој Филистеец за да се бориш со него, зашто ти си уште дете, а тој е воин од својата младост.“