Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ПЕТРОВО 5:1-11

1 ПЕТРОВО 5:1-11 MKB

Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие: пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце; и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене. Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас. Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. Спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања се довршуваат во вашите браќа по светот. А Бог на секоја благодат, Кој ве повикал во Христа Исуса за Својата вечна слава, по вашето кратко страдање, Сам ќе ве усоврши, зацврсти, зајакне и ќе ве направи непоколебливи. Нему слава и власт во векови на вековите. Амин!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 ПЕТРОВО 5:1-11