Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ПЕТРОВО 4:7-13

1 ПЕТРОВО 4:7-13 MKB

А крајот на сѐ е близу. И така, бидете разумни и бдејте во молитвите. Пред сѐ имајте постојана љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови. Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување. Бидејќи секој од вас добил дар, служете си со него еден на друг, како добри домоуправители на многукратната Божја благодат. Ако некој говори, нека зборува како Божји зборови; ако некој служи, нека служи како по силата, која Бог ја дава, за да се слави во сѐ Бог преку Исуса Христа, Кому Му припаѓаат славата и силата во сите векови. Амин. Возљубени мои, не чудете се на огненото испитување, што се појави меѓу вас, за да ве искуша, како да ви се случува нешто необично, туку, радувајте се дека соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и да се веселите при откровението на Неговата слава.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност