Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 3:4-13

1 КОРИНТЈАНИТЕ 3:4-13 MKB

Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов“, а друг: „Јас сум Аполосов?“ Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал. Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте. Затоа: ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте. А оној, кој сади и оној, кој вади - едно се, но секој ќе ја прими својата награда според својот труд. Ние сме соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда. Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува. Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.