Дарбите се различни, но Духот е ист. Различни се и службите, но Господ е ист. Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сѐ во сите. Секому му се дава откровение на Духот за општа полза. На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух; на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух; на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. А сѐ тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
Прочитај 1 КОРИНТЈАНИТЕ 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 КОРИНТЈАНИТЕ 12:4-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа