Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 4:24-43

1 ЛЕТОПИСИ 4:24-43 MKB

Симеонови синови беа: Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул. Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма. Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј. Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови. Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул, во Вала, во Асем, во Толад, во Ветуил, во Орма, во Сиклаг, во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување. А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови. И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија. Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса, Јоил и Јуј, синот Јосивиев, син на Серај, синот Асилов, Елиоинај, Јаков, Јесохај, Асај, Адил, Есимил и Венај, Зиса, синот Сифиин, син Алонов, син Едаев, син Симриев, син Семаин. Тие именуваните им беа старешини на своите родови, и нивните семејства се размножија многу. Затоа отидоа до Гедор до источната страна на долината за да бараат пасиште за своите стада. Најдоа изобилно и добро пасиште, и широка, безбедна и мирна земја. Бидејќи пред тоа таму живееја Хамовите потомци, Симеоновците, запишани по име, нападнаа во времето на јудејскиот цар Езекија та ги разбија нивните шатори и нивните засолништа. И ги истребија засекогаш, и се населија на нивно место, зашто таму беа пасиштата за нивните стада. Тогаш некои од оние што им припаѓаа на Симеоновите синови, нив пет стотини, излегоа на планината Сир, на чело со Фелатиј, Неариј, Рефај и Озил, Есееви синови. И го погубија Остатокот што беше избегал од Амаликците и се населија таму до денешниот ден.