Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израелов и со домот на Јуда нов завет. Не онаков завет, каков што склучив со предците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ. Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. И нема повеќе да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: „Познајте Го Господа“, зашто сите тие, од мал до голем, сами ќе Ме знаат, вели Господ, бидејќи ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам.
Прочитај Еремија 31
Сподели
Спореди ги сите верзии: Еремија 31:31-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа