Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 2

2
Второ видение: животински рогови
1Ги подигнав очите, а тоа, ете, четири рога. 2#5 Мојс 33,17; Дан 7,8И му реков на ангелот, кој зборуваше со мене: „Што е ова?“ А тој ми одговори: „Тоа се роговите што ги рас­прснаа Јуда, Израел и Ерусалим.“ 3Потоа Господ ми покажа четири ковачи. 4#Ер 48,25Пак реков: „Што ќе прават овие?“ А тој ми рече: „Оние рогови се што го распрснаа Јуда, така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигаат рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.“
Трето видение: мерно јаже
5 # Ер 31,38-39; Ез 41,13 И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже. 6#Откр 11,1; 21,15Го прашав: „Каде одиш?“ Тој ми рече: „Одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.“ 7Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, истапи напред, а друг ангел му дојде во пресрет, 8#Ис 49,19-20; 54,2-3; Ер 31,27; Ез 36,37-38и тој му рече на оној: „Побрзај и кажи му на оној млад човек: ‚Ерусалим ќе се насели како село без ѕидини поради многуте луѓе и добиток во него. 9#Ис 60,19; Откр 21,23; 22,3И Јас ќе му бидам огнен ѕид, околу него, вели Господ, и слава во него.‘“
Повик на покрет
10 # Ис 48,20; 52,11; Ер 50,8; 51,6; Откр 18,4 „Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ве растргнав по сите четири ветра небески“, вели Гос­под. 11#Ис 52,2Спасувај се Сионе, ти што живееш кај ќерката Вавилонска. 12#5 Мојс 32,10; Пс 17,8; Изреки 7,2Зашто така вели Господ Седржите­лот, Кој ме прати за слава кај народите, што ве пљачкосуваа: „Зашто кој чепка во вас, чепка во зеницата на окото Мое. 13#Ис 14,2; Ер 50,10; Ез 33,33; Соф 2,9И, ете, Јас ќе ја кренам раката Сво­ја против нив, и тие ќе станат плен на робовите свои.“ Тогаш ќе познаете дека Господ Саваот ме пратил. 14#8,3; Ис 12,6; Соф 3,14„Ликувај и весели се, ќерко Сионо­ва, зашто ете, Јас ќе дојдам и ќе живеам во тебе“, вели Господ. 15#Ис 45,22; Пс 102,22И ќе се приберат многу народи кај Господ во оној ден и ќе станат Негов народ. И Тој ќе се насели кај тебе, и тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме пратил кај тебе. 16#1,17Тогаш Господ ќе ја завладее Јудеја, Својот дел на светата земја, и пак ќе го избере Ерусалим. 17#Авак 2,20; Соф 1,7; Пс 76,8Нека замолкнат сите луѓе пред лицето на Господ, зашто Тој стана од Своето свето живеалиште.

Селектирано:

Захарија 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се