Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 10:1-12

Захарија 10:1-12 MK2006

Молете Го Господа за дожд во време пролетно; Господ ќе свет­не со молскавица и ќе ви даде обилен дожд – зеленило во поле. Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, тал­каат зашто немаат пастир. Против пастирите се распали гневот Мој, водачите ќе ги казнам; да, Господ Саваот ќе се погрижи за стадото Свое, домот Јудин, и ќе го подготви како силен коњ за бој. Од него ќе направи аголен камен, од него – шаторски клин, од него лак за бој, од него ќе излезат сите водачи на народот. И тие ќе бидат како јунаци што ги газат непријателите како улична кал, и ќе се борат, бидејќи Господ е со нив, и ќе ги посрамат јавачите на коњи. Ќе го зацврстам домот Јудин и ќе го спасам домот Јосифов, и ќе ги вратам, зашто Јас се смилив над нив, и тие ќе бидат како да не сум ги оставил: зашто Јас сум нивниот Господ Бог, и ќе ги чујам. Ефремците ќе бидат како јунаци, ќе се развесели срцето нивно како вино да пиеле, па ќе го видат тоа синовите нивни и ќе им се зарадува срцето нивно; во восхит ќе им биде тогаш срцето нивно во Господ. Ќе им дадам знак и ќе ги соберам, зашто ги откупив; ќе бидат многубројни како и порано. Иако ги раселив меѓу народите, сепак во далечни земји тие ќе се сеќаваат на Мене и ќе ги поучуваат децата свои, и ќе се вратат. Ќе ги вратам од земјата египетска и од Асирија ќе ги соберам; ќе ги доведам во земјата Галаад и на Ливан, и не ќе има доволно место за нив. Ќе преминат по морето и ќе ги поразат морските бранови; ќе пресушат сите длабини на Нил, и ќе биде соборена гордоста на Асирија, и скиптарот ќе биде одземен од Египет. Ќе ги зацврстам во Господ, и тие ќе одат во името Негово, вели Господ.