Захарија 1
1
Опомена за покајание
1 #
Агеј 1,1; Неем 12,16 На осмиот ден, во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо, велејќи: 2„Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев; 3#Јоил 2,13; Мал 3,7затоа кажи им – вака вели Господ Саваот – Вратете се кон Мене, – вели Господ Саваот – И Јас ќе се вратам кон вас. 4#Ис 55,7; Ер 25,5; Лк 15,20Не бидете како што беа предците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им – ‚Вака вели Господ Саваот: одвратете се од лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ. 5Каде се сега предците ваши? А и пророците, зар тие вечно ќе живеат? 6#7,7-14; Неем 9,34Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа предците ваши? И тие се обраќаа и велеа: ‚како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според патиштата наши, и според делата наши, така и постапи.‘“
Прво видение: коњи и коњаници
7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец – а тоа е месецот шеват – во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо. 8#6,2-3; Откр 6,1-8Во текот на ноќта видов – ете, еден маж на црвен коњ стои меѓу мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи, 9#Дан 7,16па му реков – „Кои се овие, господине мој?“ А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: „Јас ќе ти покажам кои се тие.“ 10#6,7; Откр 5,6И одговори мажот што стоеше меѓу миртите, и рече – „Тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.“ 11Тогаш тие му одговорија на ангелот Господов, кој стоеше меѓу миртите, па му рекоа – „Ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.“ 12#Ер 12,4; Дан 8,13; Откр 6,10Им одговори ангелот Господов и им рече: „Господи Седржителе, до кога нема да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веќе седумдесет години?“ 13Тогаш во одговор на ангелот Господов, изрече Господ слова добри, слова утешни. 14#8,2; Јоил 2,18И ми рече ангелот, кој зборуваше со мене: „Извести и кажи – вака вели Господ Саваот – ‚Ревнувам за Ерусалим и за Сион многу; 15#Ис 47,6; Амос 6,1; Пс 79,6и горам со голем гнев против народите што живеат во спокој, зашто кога Јас малку се разгневив, тие станаа уште полоши!‘ 16#2,5-9; Ис 54,6-10; Ез 40,3Затоа вака вели Господ: ‚Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.‘ 17#2,15; 13,9; Агеј 2,23Порачај уште и ова, и кажи им – вака вели Господ Саваот: ‚Моите градови одново ќе се исполнат со богатства, и Господ ќе го утеши Сион и пак ќе го избере Ерусалим.‘“
Селектирано:
Захарија 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006