И Ноемина го зеде детето и го носеше во прегратките свои и се грижеше за него. Сосетките му дадоа име, велејќи: „На Ноемина ѝ се роди син“, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеј, таткото Давидов. А ова се потомците на Фарес: Фарес го роди Есром; Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон; Наасон го роди Салмон; Салмон го роди Вооз; Вооз го роди Овид; Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди Давид.
Прочитај Рута 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Рута 4:16-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа