Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 2:1-7

Рута 2:1-7 MK2006

Ноемина имаше роднина по мажот, човек многу имотен, од родот на Елимелех, по име Вооз. И Моавката Рута ѝ рече на Ноемина: „Ќе тргнам по нивјето и ќе собирам класје по оној во чии очи ќе најдам милост.“ Таа ѝ одговори: „Оди, ќерко.“ Таа отиде и почна да собира на една нива класје по жетварите. И се покажа дека таа нива му припаѓа на Вооз, кој беше од родот Елимелехов. И ете, Вооз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: „Господ со вас.“ Тие му одговорија: „Нека те благослови Господ!“ И Вооз го запраша слугата свој, надгледувачот на жетварите: „Чија е онаа млада жена?“ Слугата надзорник над жетварите, одговори и рече: „Таа млада жена е Моавка, дошла со Ноемина од моавските полиња; таа ни рече: ‚Оставете ме да берам и да собирам меѓу снопјата по жет­варите‘; дојде и остана тука од утрината досега; таа малку останува дома.“