Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута 1:16-21

Рута 1:16-21 MK2006

Но Рута одговори: „Не ме принудувај да те оставам и да се одделам од тебе; каде што ќе одиш ти, таму ќе дојдам и јас, и каде ќе живееш ти, таму ќе живеам и јас; твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог – мој Бог; и каде што ќе умреш ти, таму и јас ќе умрам и ќе бидам погребана; Господ нека ме казни и уште полошо нека ми додаде, ако нешто друго освен смртта ме раздели од тебе.“ Ноемина, откако виде дека таа цврс­то е решена да оди со неа, престана да ѝ зборува. И одеа тие двете додека стигнаа до Витлеем; целиот град се возбуди поради нив, и прашуваа: „Оваа ли е Ноемина?“ Таа им рече: „Не ме викајте Ное­мина, викајте ме Мара, зашто Семоќ­ниот ме исполни со премногу горчина. Јас излегов одовде полна, а Господ ме врати празна: зошто да ме викате Ноемина, кога Господ ме принуди да страдам, Семоќниот ми испрати несреќа?“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Рута 1:16-21