Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 7:17-25

Римјаните 7:17-25 MK2006

Значи, тоа веќе не го правам јас, ту­ку гревот, што живее во мене. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа. Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам. А штом го вршам она што не го са­кам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене. И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу. Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во грево­в­ниот закон, кој е во моите органи. Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта? Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревов­ниот закон.