Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб. Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам, тоа го правам. Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар. Значи, тоа веќе не го правам јас, туку гревот, што живее во мене. Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа. Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам. А штом го вршам она што не го сакам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.
Прочитај Римјаните 7
Слушај Римјаните 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 7:14-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа