И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста. Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на нечистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од вашето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост. Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта. Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен.
Прочитај Римјаните 6
Слушај Римјаните 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 6:18-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа