И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос. Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се гордееме со надежта во славата Божја. Но не само тоа, туку се гордееме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението; од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж. Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух. Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците. Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре. Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот. Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.