Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 14:1-6

Римјаните 14:1-6 MK2006

Слабиот во вера прифатете го, но без расправии за мислењата! Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук. Кој јаде, нека не го укорува оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил. Кој си ти што му судиш на туѓ слу­га? Пред својот господар тој стои или паѓа, а ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи. Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уве­рен во своето мислење. Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога.