Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа; зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло. Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја. Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат. И така, дајте секому што сте му должни: кому сте му должни данок – нека му се даде данок; кому царина – царина; кому страхопочит – страхопочит; кому чест – чест. И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот.
Прочитај Римјаните 13
Слушај Римјаните 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 13:3-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа