Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил. Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не дејствуваат на еднаков начин, така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата; ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поучување – нека поучува! Ако е пак за утешител – нека утешува; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја. Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто. Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ; радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи
Прочитај Римјаните 12
Слушај Римјаните 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 12:3-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа