Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 1:18-23

Римјаните 1:18-23 MK2006

Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и не­правда на луѓето кои вистината ја спре­чуваат со неправда. Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил. И навистина, она што е во Него не­видливо, односно вечната Негова сила и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па така тие немаат из­го­вор. Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи; тврдејќи дека се мудри, тие обезумија, и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.