Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните. Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието. Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин. Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“
Прочитај Римјаните 1
Слушај Римјаните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 1:14-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа