Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 5:8-13

Откровение 5:8-13 MK2006

И кога ја зеде книгата, четирите жи­вотни и дваесет и четирите Старешини паднаа пред Јагнето, држејќи секој од нив харфа и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите; и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе, и нѐ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“ Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони, кои зборуваа со висок глас: „Дос­тој­но е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов!“ И секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, чув како зборува: „На Оној Кој седи на престолот, и на Јаг­не­то – благослов и чест, слава и владеење во сите векови!“