И видов силен ангел што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“ И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа. И јас многу плачев, што никој не се најде достоен да ја отвори и да ја прочита таа книга, ниту да ѕирне во неа. А еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!“ Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со седумте рога и седумте очи, кои се седумте духови Божји, пратени по целиот свет. Тој дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот.
Прочитај Откровение 5
Слушај Откровение 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 5:2-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа