Откровение 4
4
Отворено небо
1 #
1,10; 2 Мојс 19,20.24; Јн 1,51 Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се овде и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“ 2#4,9; 5,1.7.13; 6,16; 7,10.15; 19,4; 21,5; 1 Цар 22,19; Ис 6,1; Ез 1,26-27; 10,1; Пс 47,8; Дан 4,31; 12,7; 2 Лет 18,18И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој. 3Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд. 4#Ис 24,23Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци. 5#1,4; 5,6; 8,5; 11,19; 16,18; 2 Мојс 19,16; Ез 1,13; Зах 4,2И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови; 6#2 Мојс 24,10; Ез 1,5-22пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи: 7првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет. 8#1,8; Ис 6,2-3; Ез 1,18; 10,12; Амос 3,13Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“ 9#4,2А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови, 10дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи: 11#14,7; Пс 115,3; Рим 4,17„Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“
Селектирано:
Откровение 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006