Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 3:14-22

Откровение 3:14-22 MK2006

И на ангелот на Лаодикиската црк­ва напиши му: ова го вели Амин, Вер­ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание: ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја! Зашто велиш: „Богат сум и се збо­га­тив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол; те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се об­ле­чеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш. Оние што Јас ги сакам, нив ги ка­рам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се. Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. На оној што победува, ќе му доз­во­лам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол. Кој има уво, нека чуе, што им збо­рува Духот на црквите.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност