Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 3:1-6

Откровение 3:1-6 MK2006

И на ангелот на Сардската црква напиши му: еве што вели Оној Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а мртов си. Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање; бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог. Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе ка­ко крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе. Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија алиштата свои. Тие ќе одат со Мене во бела облека, би­дејќи се достојни. Кој победува ќе биде облечен во бе­ла облека, и нема да му го избришам името негово од книгата на животот, туку ќе го признаам името негово пред Мојот Отец и пред Неговите ангели. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.