Откровение 21
21
Ново небо и нова земја
1 #
3,12; 20,11; Ис 65,17; 66,22; Мт 19,28; 2 Кор 5,17; 2 Птр 3,13 И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. 2#3,12; Ис 52,1; 61,10; Гал 4,26; Евр 11,10.16; 12,22Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж. 3#7,15; 3 Мојс 26,11-12; Ис 8,8; Ез 37,27; 2 Кор 6,16И чув висок глас од небото како зборува: „Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог. 4#7,17; Ис 25,8; 35,10; 65,19И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“ 5#4,2; Ис 43,19; Дан 8,26; 2 Кор 5,17И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“ 6#1,8; 2,8; 7,17; Ис 55,1; Ер 2,13; Јн 4,10.14; 7,37-38Потоа ми рече: „Се сврши! Јас (сум) Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум. 7#2 Сам 7,14; Пс 89,26-27Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син. 8#19,20; 22,15; 1 Мојс 19,24; Ис 30,33; Ез 38,22; Пс 11,6; Мт 25,41; Рим 1,29А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“
Новиот Ерусалим
9 #
15,1; 17,1; 19,7; Јн 3,29 Тогаш дојде кај мене еден од седумте ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја покажам невестата – жената на Јагнето.“ 10#21,2; Ез 40,2Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога, 11#15,8; Ис 60,1-2и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен камен, како светол камен јаспис; 12#2 Мојс 28,21; Ез 48,30-35тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израелови: 13спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти. 14#Ефес 2,20Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето. 15#11,1; Ез 40,3.5Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови. 16#Ез 48,16-17Градот беше четириаголен, а должината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии#21,16 Околу 2400 километри.; должината, широчината и височината негова – еднакви. 17Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска. 18Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот – од чисто злато, како чисто стакло. 19#Ис 54,11-12Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд, 20петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист. 21А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло. 22#1,8; Јн 2,19-21Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм. 23#Ис 60,19-20И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето. 24#Ис 60,3.5И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест. 25#22,5; Ис 60,11; Зах 14,7А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ. 26#Пс 72,10-11И ќе ја внесат во него славата и честа на народите; 27#3,5; 13,8; Ис 35,8; 52,1; Зах 13,1-2; Јн 8,44-45; 1 Кор 6,9-10; 2 Птр 3,13и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.
Селектирано:
Откровение 21: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006