Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 17:1-7

Откровение 17:1-7 MK2006

Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте ча­ши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води; со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опи­ја жителите на земјата!“ И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и има­ше седум глави и десет рогови. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со дра­го­цени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино. А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“ И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов. И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.