Откровение 17
17
Вавилон – големата блудница
1 #
Ер 51,7.13; Наум 3,4 Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води; 2#14,8; Ис 23,17со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!“ 3#13,1И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови. 4#18,16; Ер 51,7; Ез 28,13А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино. 5#2 Сол 2,7А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“ 6#16,6И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов. 7И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови. 8#3,5; 11,7; Дан 7,3Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои. 9#13,18Овде е потребен ум што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори врз кои седи жената; 10а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане. 11И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине. 12#Дан 7,24А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот. 13Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот. 14#14,4; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“ 15И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците. 16#18,8; 3 Мојс 21,9; Ис 47,8-9А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат. 17Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо. 18А жената, која ја виде ти, е големиот град кој царува над земните цареви.“
Селектирано:
Откровение 17: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006