Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 97:1-12

Псалми 97:1-12 MK2006

Господ се зацари: нека се радува Земјата; нека се веселат многубројните острови. Облак и мрак е околу Него; пра­ведност и правда се основа на Него­виот престол. Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу. Неговите молњи ја осветлуваат вселената; Земјата гледа и трепери. Горите се топат како восок од ли­цето на Господ, од лицето на Господ, по целата Земја. Небесата ја разгласуваат Неговата праведност, и сите народи ја гледаат Неговата слава. Нека се засрамат сите, кои се поклонуваат на ликови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите „богови.“ Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи, зашто Ти си, Господи, Севишен на целата Земја, повисок си од сите бого­ви. Господ ги сака оние што го мра­зат злото. Ја чува Господ душата на Своите светии; од раката на нечес­тивите ќе ги избави. Светлина засветли над праведниот, а за правите по срце – радост. Радувајте се, праведни, во Господ и славете го Неговото свето име.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност