Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 97

97
ПСАЛМ 97
Радоста на Сион
1 # 93,1; 96,10-11; 99,1 Господ се зацари: нека се радува Земјата; нека се веселат многубројните острови. 2#85,10-13; 89,14; 96,6; 5 Мојс 4,11; 5,21; 2 Сам 22,12; Изреки 16,12; 25,5Облак и мрак е околу Него; пра­ведност и правда се основа на Него­виот престол. 3#18,8; 50,3Пред Него оган врви и ги гори непријателите Негови наоколу. 4#77,18Неговите молњи ја осветлуваат вселената; Земјата гледа и трепери. 5#22,14; 68,2; 97,7; Суд 5,5; Мих 1,4Горите се топат како восок од ли­цето на Господ, од лицето на Господ, по целата Земја. 6#50,6Небесата ја разгласуваат Неговата праведност, и сите народи ја гледаат Неговата слава. 7#96,5; 115,4-8; 135,15-18; Ис 1,29; 40,17-19; 41,5-6; 44,8-19; 46,4-6; Ер 2,27-28; 10,3-5; Авак 2,18-19Нека се засрамат сите, кои се поклонуваат на ликови, кои се фалат со своите идоли. Поклонете Му се сите „богови.“ 8#48,11Чу Сион и се зарадува, се веселат ќерките Јудини заради Твоите пресуди, Господи, 9#83,18; 95,3; 96,4; 2 Лет 2,5зашто Ти си, Господи, Севишен на целата Земја, повисок си од сите бого­ви. 10#Амос 5,15; Изреки 2,9Господ ги сака оние што го мра­зат злото. Ја чува Господ душата на Своите светии; од раката на нечес­тивите ќе ги избави. 11#4,6; 36,9; 112,4; Ис 5,30; 9,1; 42,15; 58,9Светлина засветли над праведниот, а за правите по срце – радост. 12#30,4; 32,11Радувајте се, праведни, во Господ и славете го Неговото свето име.

Селектирано:

Псалми 97: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се