Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 95:1-11

Псалми 95:1-11 MK2006

Дојдете да Му пееме на Господ и да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение! Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му вос­кликнеме, зашто Бог е велик Господ и Цар го­лем над сите богови. Зашто во Неговите раце се сите земни длабочини, а горските висо­чини се исто така Негови. Бидејќи Негово е морето, и Тој го создаде, а рацете Негови го создадоа и копното. Дојдете да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да клекнеме пред лицето на Господ, нашиот Творец; зашто Тој е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Него­вите раце. О, денес да бевте го послу­шале Неговиот глас! „Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, како во оној ден во Маса во пустината, каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа иако ги видоа делата Мои. Четириесет години Ме јадеше тој народ и реков: тие се народ со заблудени срца, кои не ги почитуваат патиш­тата Мои, па затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот мир.“