Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 95

95
ПСАЛМ 95
Прославување на Создателот и Спасителот
1 # 5 Мојс 32,15 Дојдете да Му пееме на Господ и да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение! 2#100,4Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му вос­кликнеме, 3#5,2; 47,2; 77,13; 96,4-5; 97,9; 136,2-3; 145,1; Јов 36,22; Дан 2,47зашто Бог е велик Господ и Цар го­лем над сите богови. 4Зашто во Неговите раце се сите земни длабочини, а горските висо­чини се исто така Негови. 5#24,1-2Бидејќи Негово е морето, и Тој го создаде, а рацете Негови го создадоа и копното. 6Дојдете да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да клекнеме пред лицето на Господ, нашиот Творец; 7#23,1-4; 79,13; Ер 23,1зашто Тој е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Него­вите раце. О, денес да бевте го послу­шале Неговиот глас! 8#81,8; 78,8.37; 2 Мојс 17,1-7; 19,4; 4 Мојс 14,22; 20,1-12; 5 Мојс 6,16; 33,8; Евр 3,7-11„Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, како во оној ден во Маса во пустината, 9каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа иако ги видоа делата Мои. 10#5 Мојс 32,5.20; Јов 21,14Четириесет години Ме јадеше тој народ и реков: тие се народ со заблудени срца, кои не ги почитуваат патиш­тата Мои, 11#132,8.14; 4 Мојс 14,30.34; 5 Мојс 12,9па затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот мир.“

Селектирано:

Псалми 95: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се