Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 94:1-23

Псалми 94:1-23 MK2006

Боже, Господи на одмаздата, Боже на одмаздата, покажи се! Стани, Судијо на Земјава, дај им отплата на горделивите! До кога нечестивите, Господи, до кога нечестивите ќе се фалат, ќе мрморат и говорат дрско, до кога ќе зборуваат така сите злосторници? Го газат Твојот народ, Господи, и го угнетуваат Твоето наследство; вдовица и туѓинец убиваат, и сирак усмртуваат. Па велат: Господ нема да види, Бог Јаковов нема да дознае! Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, луѓе, некогаш ќе се опаме­тите? Оној, Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види? Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знаење, зар нема да казни? Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни. Блажен е оној човек, кого го вра­зумуваш Ти, Господи, и го поучуваш на Твојот закон, за да му дадеш мир во лошите де­нови, додека за грешникот не се ископа гроб! Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и нема да го остави Своето наследство, зашто правдата не ќе се врати кај праведните и сите прави по срце ќе ја следат. Кој ќе се крене за мене против лу­кавите или кој ќе стои покрај мене против злосторниците? Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во светот на мртвите! Кога помислив: ногата ми се поколеба, – Твојата милост Господи, ми помогна! Кога се намножуваа тешкотиите во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја. Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што рабо­ти спротивно на законот Твој? Ја ловат душата на праведниот и осудуват невини на смрт. Но Господ е мое прибежиште и Бог мој – сигурна тврдина моја. Тој ќе им плати за нивното беззаконие, и за нечестивоста нивна ќе ги погуби, Господ Бог ќе ги погуби.