Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 91:1-10

Псалми 91:1-10 MK2006

Кој живее под закрилата на Севиш­ниот, тој престојува во домот на небес­ниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна. Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана. Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење, од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне. Покрај тебе ќе паднат илјада, и де­сет илјади десно од тебе; но до тебе не­ма да се приближат; само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите. Зашто, Господ ти е засолниште, на­деж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште; зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 91:1-10