Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 91

91
ПСАЛМ 91
Бог е наш вечен заштитник
1Кој живее под закрилата на Севиш­ниот, тој престојува во домот на небес­ниот Бог. 2#18,2И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! 3Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна. 4#17,8; 5 Мојс 32,11; Рута 2,12; Мт 23,37Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана. 5#Изреки 3,25; Песна 3,8Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење, 6#5 Мојс 32,24; Ер 15,8; Ос 13,14од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне. 7Покрај тебе ќе паднат илјада, и де­сет илјади десно од тебе; но до тебе не­ма да се приближат; 8само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите. 9Зашто, Господ ти е засолниште, на­деж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште; 10#5 Мојс 7,15; Изреки 12,21зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој; 11#Мт 4,6; Евр 1,14затоа што ќе им заповеда на анге­лите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои. 12#Изреки 3,23Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја; 13#Ис 11,8; Јов 5,19-22; Мк 16,18; Лк 10,19на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш. 14#9,10„Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое. 15#Ис 43,2; Ер 33,3Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам, 16#23,6; 50,23; Јов 5,26; Изреки 3,2; 10,27ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.“

Селектирано:

Псалми 91: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се