Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 90:1-17

Псалми 90:1-17 MK2006

Господи, Ти си ни прибежиште од род во род. Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на Земја­та и на вселената, отсекогаш и засекогаш Ти си Бог. Го враќаш човекот во прав, и ве­лиш: „Обратете се синови човечки!“ Зашто пред Твоите очи илјада го­дини се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку ноќта. Ги однесуваш како сон, како трева што зеленее наутро: наутро ќе процути и ќе зазелени, а навечер паѓа и се исушува. Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме растревожени. Ти си ги поставил пред Себе наши­те беззаконија, нашите скришни гре­вови се во светлината на лицето Твое. Сите наши дни минуваат под Твојот гнев, годините ни свршуваат како здив. Дните на нашиот живот се седум­десет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и мака, бидејќи брзо ми­нуваат и ние одлетуваме. Кој ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши? Научи нѐ така да ги броиме нашите дни, па да се здобиеме со мудро срце. Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги! Исполни нѐ изутрина со Твојата милост, Господи, за да се зарадуваме и се развеселиме во сите наши дни, развесели нѐ за оние дни, кога нѐ понизуваше, за годините, во кои видов­ме зло. Нека се видат кај слугите Твои де­лата Твои, и Твојата славна сила – кај чедата Твои. И благоволението на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и дај да ни успеат делата на рацете наши, дај им успех на делата на рацете наши.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност