Псалми 88
88
ПСАЛМ 88
Молитва во тешко искушение и во смртна опасност
1Господи, Боже на моето спасение, дење Те повикувам и ноќе сум пред Тебе: 2за да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи, 3зашто душата моја е полна со јад и животот ми се приближи до адот. 4#Јов 10,15; 17,1Се изедначив со оние што слегуваат во гроб; станав како немоќен човек, 5#18,4; 42,7; 143,7; 4 Мојс 16,33како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веќе не се сеќаваш; тие се оттурнати од Твојата рака. 6Ме положи во подземен ров, во мрак и во смртна сенка. 7Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш. 8Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам. 9#38,11; 142,7; Плач 3,7Очите мои ослабеа од тага: цел ден викам кон Тебе, Господи, ги протегам рацете кон Тебе. 10Зар за мртовци ќе правиш чуда? Зар сенките ќе се кренат и ќе Те слават? 11#6,5; Ис 38,18Зар во гроб некој ќе кажува за Твојата милост и за Твојата вистина – во местото на распаѓањето? 12Зар во темнината ќе ги објавуваат Твоите чудеса, и во земјата на заборавот – Твојата правда? 13Но јас повикав кон Тебе, Господи, и наутро молитвата моја доаѓа пред Тебе. 14Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одвраќаш лицето Свое од мене? 15Јас сум несреќен и од раната младост се мачам; страдам во ужас и очаен сум. 16Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија. 17Секој ден ме опкружуваат како вода: од сите страни ме опседнуваат. 18Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; мракот ми е единствен другар.
Селектирано:
Псалми 88: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006