Псалми 85
85
ПСАЛМ 85
Молба Господ пак да го благослови народот спрема кого порано бил милостив
1Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јаков. 2#53,6Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови, 3го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој. 4#78,38Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас. 5#80,3Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегаш гневот Свој од род во род? 6#79,5Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе? 7#Ис 43,4; 49,13-14; 54,6-7Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение. 8Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог, зашто Тој ќе зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обраќаат Нему. 9Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја. 10#2 Мојс 24,16; Ез 11,23; 43,2; Јн 1,14Милоста и вистината ќе се сретнат, праведноста и мирот ќе се целиваат. 11#89,14; 97,2Верноста ќе изникне од земјата, а праведноста ќе се појави од небото. 12#Ис 45,8Зашто Господ ќе даде добро и нашата земја ќе го даде својот плод; 13#67,6; Ис 58,8; Зах 8,12праведноста ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.
Селектирано:
Псалми 85: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006