Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 75

75
ПСАЛМ 75
Благодарност кон Бога за судот над гордите
1Те фалиме Тебе, Боже, Те фали­ме, името Твое е близу. Луѓето ги разгласуваат твоите чудесни дела! 2Кога ќе дојде време, ќе судам според правда. 3Кога се заниша Земјата и сите, што живеат на неа, Јас ги зацврстив столбовите нејзини. 4#46,2; 60,2; 93,1-2; 96,10; 1 Сам 2,8Им велам на дрските: не бидете дрски! И на грешниците: не дигајте рог, 5#1 Сам 2,3; Зах 2,1-4не кревајте го високо вашиот рог, не говорете дрско, 6#94,4; Јов 15,25зашто издигањето не доаѓа ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пус­тината; 7#Мт; 24,23-28но Бог е судија: едни унижува, а други возвисува. 8#1 Сам 2,7; Дан 2,21Зашто чашата е во раката на Гос­под, со вино пенливо, промешано, Тој налева од неа и до талог ќе го испијат сите грешници на земјата! 9#60,3; 92,11; Ис 51,17; Јов 21,20Јас, пак, вечно ќе се радувам, ќе Му пеам на Јакововиот Бог, 10ќе им ги скршам роговите на сите грешници, а рогот на праведните ќе се возвиси.

Селектирано:

Псалми 75: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се