Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 73:17-28

Псалми 73:17-28 MK2006

сѐ додека не влегов во Божјото све­тилиште и не го разбрав нивниот крај. Навистина, си ги поставил на лизгаво место, на пропаст ги соборуваш! Како пропаднаа, како ненадејно ис­чезнаа и загинаа однесени од ужасот! Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди, така, Ти, Господи, ќе ги презреш нив, кога ќе се разбудат! Кога душата ми беше огорчена, кога се јадосував однатре, безумен бев и не разбирав, како добиче бев пред Тебе. Но јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја, ме водиш со советот Свој и ќе ме примиш во Твојата слава. Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо друго не барам. Може да изнемошти срцето мое и телото мое; но Бог е сила на срцето мое и наследството мое. Зашто, ете, оние, што се одда­лечуваат од Тебе, пропаѓаат; Ти го ис­требуваш секого, кој отстапува од Тебе. А мене ми е добро да сум до Бога, на Господ ја полагам надежта моја, за да ги раскажувам сите дела Твои.